Бејли: Оставете ги СЈО и судовите да ја вршат својата работа

Објавено: 13 април, 2016, во 09:00 часот

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија Џес Бејли претпладнево на својот профил на социјалната мрежа Твитер наведе дека „аболиција без потребниот судски процес ги штити корумпираните политичари и нивните соработници. Оставете ги СЈО и судовите да ја вршат својата работа“, наведе Бејли.

Ова е втора реакција од амбасадата на САД по вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине сите кривични постапки против политичари што се поврзани со политичката криза и аферата прислушување. Вчера тие наведоа дека барат повеќе детали и појаснување, но дека сепак, изјавата на претседателот покренува сериозна загриженост околу заложбата на Македонија за владеење на правото.

Извор: Радио Слободна Европа

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.