Судењето на градоначалникот на о. Чашка повторно одложено

Објавено: 22 април, 2016, во 12:10 часот

Одложена е главната расправа од судењето на градоначалникот на општина Чашка Горанчо Пановски во Основен суд во Велес. Судењето е одложено поради тоа што на денешната главна расправа не беше присутен градоначалникот Пановски, поради лоша здравствена состојба. Неговиот адвокат Трајче Тошевски приложи лекарски извештај со отворено боледување. Главната расправа е закажана за 27 мај годинава.

Инаку на градоначалникот на Чашка ќе му се суди за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој е осомничен за незаконско присвојување на Планинарскиот дом „Чеплес“,од страна на општината, за што пред година ипол доби кривична пријава.

Имено, тој во 2011 година во својство на градоначалник и овластено лице на општина Чашка, поднел барање за легализација на диво изграден објект, иако знаел дека барање за утврдување правен статус на таков објект може да поднесе само имателот на објектот. Пановски ниту бил имател ниту корисник на домот. Но со изјава на нотар дека објектот е изграден пред да стапи на сила Законот за бесправно изграден објект, тој успеал да го легализира, да го впише во катастар и да го присвои. Со ваквата постапка, на планинарското друштво „Солунска глава“ кое дотогаш стопанисувало со домот, Пановски му нанел штета во висина од околу 66 илјади евра./Д.С.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.