Грција го предаде олимпискиот оган на Рио де Жанеиро

Објавено: 28 април, 2016, во 07:13 часот

Грција го предаде олимпискиот оган за игрите во Рио де Жанеиро. На церемонијата во Атина присуствуваше претседателот на Грција Прокопис Павлопулос и стотици пријатели на спортот, објавија грчките медиуми.

Олимпискиот оган пропатува околу 2.200 километри во Грција пренесувајќи пораки за мир, љубов и солидарност.

Олимпискиот оган ќе помине 36.000 километри пред да биде запален на 5. август при отворањето на 31. Летни олимписки игри во Рио де Жанеиро.

Извор: Локално.мк

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.