Крвниот притисок и исхрана

Објавено: 29 април, 2016, во 08:36 часот

Нормален крвен притисок е 120 со 80, но луѓето се разликуваат, па на некој нормалниот крвен притисок може да биде  нешто повисок или понизок.

Крвниот притисок може да варира во зависност од тоа кој е периодот на денот, при настапувањето на метеоролошките промени на времето, во зависност од тоа што јадеме и што пиеме, па и од старосната доба и итн. Тоа е се нормално во одредени граници. Сепак, крвниот притисок треба редовно да се контролира, посебно кога се во прашање повозрасни лица и личности во средни години или доколку се појават некои карактеристични симптоми. Пожелно е секој да има во свој дом апарат за мерење на притисок.

Висок крвен притисок

Високиот крвен притисок или хипертензија е болест на современото време, а настанува во главно како резултат на консумирање на неквалитетна и нездрава исхрана, стресни животни ситуации и генетска предиспозиција. Игнорирањето и не лекувањето може да доведе и до најлоши последици, како што се срцевиот или мозочниот удар. Во нашето поднебје тоа се најчести причини за смрт.

Симптомите на високиот крвен притисок

За жал некои луѓе не се ни свесни дека имаат висок крвен притисок, се додека не го мерат, затоа што понекогаш не чувствуваат симптоми или тие луѓе се навикнати на состојбата во која се наоѓаат. Кога ќе се појават симптомите на високиот крвен притисок, тоа се обично главоболки, вртоглавици, мачнини, повраќање, заматен вид, болки во градите, неможност да се дојде до здивот …

Исхрана кај високиот крвен притисок

Доколку притисокот е константно 140 со 90, тоа е веќе причина да смените нешто во Вашата исхрана. Прво што треба да направите е да ја намалите употребата на солта во исхраната. Некои луѓе премногу ја солат храната, иако не се свесни за тоа, а тоа во долг временски период никако не е добро. Во природата постојат многу билки кои можат да Ви помогнат. Како народен лек за висок притисок е лукот. И научно е докажано дека лукот го намалува крвниот притисок, но многу луѓе избегнуваат да го консумираат поради непријатниот мирис.

Помалку познат, а исто така ефикасен е целерот. Се смета дека целерот е посебно делотворен кај намалувањето на високиот крвен притисок, кој е резултат на стресот. Целерот е исто така добар за регулирање на холестеролот. Треба да се користи повеќе во салати, чорби или како сок од целер.

Утврдено е дека луѓето кои не јадат месо имаат понизок притисок. Не заборавајте дека црното вино и кафето го зголемуваат крвниот притисок. Според некои истражувања за намалувањето на притисокот корисни се витаминот Ц, калциум и калиум. Квалитетно маслиново масло и морската риба се препорачуваат во исхраната. Од лековитите билки глогот е добар за срцето и за регулирање на крвниот притисок.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.