Најдобри производи за мозокот

Објавено: 4 мај, 2016, во 06:27 часот

Со правилен избор на производи можете да ја зголемите концентрацијата,помнењето и да ја подобрите мозочната активност.

Риба – Ако спаѓате меѓу оние кои ги забораваат ситните секојдневни обврски,исхраната збогатете ја со риба. Стручњаците тврдат дека омега 3-масните киселини,кои можат да се најдат во рибите како сардина,лосос или скуша,се одлични за целокупното здравје па така и за здравјето на мозокот.

Лиснат зеленчук- Зелениот зеленчук одлично е за здравјето на мозокот. Спанаќот и брокулата се боагти соа нтиоксиданси како витамин Ц и бета каротин. Освен тоа,содржат фолати кои се познати по тоа што го забрзуваат нашиот процес на прифаќање на информации и сеќавања.

Јајца – Богати се со витамини и минерали заради што се одлична храна за мозокот. Содржи железо ,уште и витамин Б12. Додека железото помага во креирање црвени крвни зрнца,кои го пренесуваат кислородот до мозокот,јодот е познат по тоа што ги подобрува способностите за решавање на проблемите.

Зелен чај – Правилна хидратација е потребна за правилно функционирање на организмот. Препорачливо е дневно да пиете по осум чаши вода. Чаша –две заменете со зелен чај кој ја зголемува менталната будност и меморија,додека антиоксидантите од оваа здрава напивка го намалуваат ризикот од деменција.

Чоколада – Умереното консумирање на темна чоколада ги подобрува мозочните способности. Чоколадата е богата со флавоноиди кои ги создаваат новите неврони во мозокот за да можат да се создаваат нови сеќавања и подобар проток на крвта до мозокот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.