Истече рокот за доставување на предлози за членови на ИО

Објавено: 6 мај, 2016, во 06:57 часот

Ноќеска на полноќ истече рокот до кога требаше да бидат доставени предлози за членови на избирачките одбори. До доцна синоќа не се знаеше дали ДУИ и ДПА не доставиле предлози за членови на одборите, а СДСМ најави дека со сигурност нема да достави свои листи оти не оди на избори на петти јуни, јави Телма.

Со ова само ВМРО ДПМНЕ од четирите најголеми партии од власт и опозиција од двата блока има доставено свои листи.

Ова беше еден од условите за одржување на изборите на 5 јуни, но во текот на денот се очекува партиите да излезат со свој став.

Сепак постои законска одредба во која ако некои партии не достават листи за избирачки одбори тогаш членовите се пополнуваат од редовите на администрацијата.

Извор: Телма

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.