ГДОМ: Новинарот Огнен Јаневски е платеник на СОРОС и на ЦИА
Објавено: 11 мај, 2016, во 19:02 часот
„Имаме технички министри кои прават такви кочници што и најмоќните и најбогатите земји би капитулирале од нив. Така на пример госпоѓата Ременски, за која јас физички сум кошаркар, не им дозволува на нашите граѓани македонци да се вселат во социјалните станови што им ги додели Владата“. Вака вечерва на единаесетиот ден од контрапротестите на ГДОМ, пред поддржувачите се обрати претседателот на Здружението на пензионери во Велес, Веле Алексовски. Тој ниту вечерва не пропушти да спомене име на новинар за кој рече дека е платеник на СОРОС и ЦИА.

„Исмејувани сме од некои телевизии, посебно од 24 Вести, исмејувани сме од двајца – тројца старци кои се јавуваат во контакната емисија на новинарот Огнен Јаневски, платеник на СОРОС и платеник на ЦИА. Ние не им возвраќаме, само ќе кажеме дека додека нашите градат тие крадат и кога не градат крадат. Нека се свестат, работни места добиваат. Сега очекуваат со помош на „Шарената револуција“ и странските служби да дојдат на власт и потоа да бидат среќни“, рече Алексовски.

Со краток говор пред поддржувачите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија се обрати и кајакарот Роберт Папазаов.
„Јас ќе бидам краток бидејќи јас не сум политичар. Многупати гордо сум ја претставувал Македонија, но ова што ќе го кажам е искрено и од срце. Нашата држава веќе подолго време се наоѓа во една агонија. Ова мора да престане, ова дивеење по улиците на главниот град. Ова не е добро за никого, не е добро за спортот , за културата, за стопанството. Единствен излез од оваа криза се избори без одлагање“, рече Папазов.

Контрапротестот на ГДОМ и вечерва се опдржа во центарот на градот пред просториите на О.К. на ВМРО ДПМНЕ./Д.С
