КАМБОВСКИ: Нам допрва ќе ни се смеат – Иванов и натаму го крши Уставот!

Објавено: 23 мај, 2016, во 07:27 часот

„Владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со засилувањето на членот 11 кој не постои во Законот за помилување, преку вметнување на член 11-а во Законот за помилување, најгрубо продолжуваат да го кршат Уставот.

Дали правните советници на владејачките партии и на претседателот Ѓорге Иванов имаат толкаво елементарно непознавање на правото и на Уставот, или си играат мајтап?“, изјави академик Владо Камбовски, за СДК.

Според него, Иванов го крши Уставот ако со новиот член 11-а, со кој му се дава право по негов личен избор, сега да почне селективно да им ја одзема амнестијата на 56-темина партиски и државни функционери и нивни помошници, бидејќи Уставот го забранува тоа. Уставот дозволува ретроактивно дејство на закон, само ако тој закон оди во корист на лицето, а во случајов, не оди во корист на помилуваните лица, туку им ја одзема аболицијата. Ова е страшно непознавање на правото и мајтапење со Уставот, реагира Камбовски.

“Нам уште ќе ни се смеат“, вели тој.

Каде во светот има вакво нешто, претседателот да ве помилува, а потоа кога ќе му текне, и да ви го одземе помилувањето?“, прашува Камбовски.

Извор: Локално.мк

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.