Судење за „Диво насеље“
Објавено: 31 мај, 2016, во 08:07 часот
Денеска треба да започне судењето за случајот Диво Насеље. После неколку неуспешни обиди денеска се очекува конечно да започне откако кривичниот и врховниот суд најверојатно се договорија за користење на големата сала во врховниот суд, пишува Телма.
До сега причина за одложувањето беше судската сала, бидејќи требаше да бидат донесени ново обвинети кои беа дел од друг предмет..
Обвинителството реши да ги спои во еден предмет, а се работи за група жители на населбата, кои се обвинети за помагање на обвинетите за тероризам.
Бидејќи се спојуваат два предмета, судскиот процес и покрај тоа што е стигнат до половина мора да почне од почеток.. Проблем беше претесниот простор за одвивање на процесот во кривичниот суд, додека Врховниот не ја отстапуваше големата сала.. најверојатно договор е постигнат па се очекува процесот да започне.
