Во Венецуела пелените се „валута“ за купување за храна

Објавено: 15 јуни, 2016, во 07:57 часот

Овие денови пелените во Венецуела се „валута“ со која можете да купите сè – пакет пелени ви донесува килограм тестенини или неколку килограми брашно.

Брашното е исклучително барана роба, па оние среќници кои го имаат воглавно го разменуваат за хигиенски производи.

Со оглед на тоа дека состојбата во оваа јужноамериканска земја е се полоша, жителите на Венецуела се снаоѓаат како знаат и умеат. Во тоа многу им помагаат современите апликации како WhatsApp, каде луѓето разменуваат пораки. Доколку некој има нешто вишок, го разменува за она што му е потребно.

– Состојбата е исклучително лоша. Еве, јас имам вишок пелени и сакам да ги разменам за храна – вели еден жител на Каракас.

Оние кои разменуваат роба формирале заедничка група под назив „Puerta del Bosque Swap Shop”, преку која се информираат кој го има она што ним им треба.

– Јас имам само брашно, ништо друго. Но, немам тоалетна хартија, ниту останати санитарни средства. Проблемот е што немам ни пелени, ниту млеко за бебето – изјавила една Венецуелка.

Плалја Алварез (34), наставничка во училиште, вели дека таа се наоѓа во група заедно со своите 400 соседи, и дека тоа е единствен начин да дојдат до она што им е потребно.

– Овие смартфони не спасија. Овде веднаш знаеме кој што има и на кој што му е потребно. Најпотребни ни се храната, пелените и лековите – вели алварез, додавајќи дека нивната земја се соочува со една од најголемите економски кризи во современата историја.

Венецуелската економија доживеа удар по падот на цената на нафтата, од чии резерви живее.

Целата земја е во тотален колапс и народот се снаоѓа како знае и умее. Ситуацијата се влошува од месец во месец, а валутата боливар повеќе пати девалвирала.

Жителите деновите и часовите ги поминуваат во огромни редици и чекаат да купат се што ќе најдат во испразнетите продавници.

– Повеќе и не избираме , ако најдеме пелени, ќе купиме пелени, па ќе ги замениме за она што ни е потребно како на пример, сапун, шеќер – изјавила Џофелин Примера една од оние кои се борат да дојдат до она што им е потребно.

Храна има сè помалку, но затоа цвета црниот пазар. Шверцерите на свој начин доаѓаат до најпотребната роба, која ја продаваат по многу повисоки цени. Ова е нешто што е забрането на онлајн групите за размена на производи, бидејќи не сакаат криминалци во своите редови.

– Идејата на овие организрани групи не е е некој да заработи пари туку да дојде до продуктите кои им с епотребни – вели алварез.

На Фејсбук постои групата „Обединети мајки“ кои со разменуваат шишиња и храна за бебиња. За тешката ситуација во земјата говори податокот дека минималната плата од 35.000 боливари , околу 60 долари по официјалниот курс или 35 долари по црниот курс. Цената на една вреќа брашно е околу 2.000 боливари, додека другите продукти се далеку поскапи.

Извор: Плусинфо.мк

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.