Македонија – точка за расправа на Советот за надворешни работи на ЕУ

Објавено: 15 јуни, 2016, во 09:22 часот

Советот за надворешни работи на Европската унија за 20. јуни ја закажа својата последна седница пред Самитот на Европскиот совет на која расправата за состојбата во Република Македонија е ставена како точка за расправа, јави Телма.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Унијата, по предлог на Сојузна Република Германија и Велика Британија ќе расправаат и дадат препорака во вид на заклучок за ситуацијата во Македонија како земја-кандидат за членство во ЕУ.. Инаку, шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ ќе расправаат за Македонија како централна точка на Советот, покрај дискусијата за мировниот процес на Блискиот Исток, состојбата во Сахел, интегрираната ЕУ-политика за Арктикот и тренинг-мисијата за безбедносните сили во Либија.

Инаку во Советот се уште нема консензус за прашањето за можноста за воведување на санкции кон поедини политичари од Македонија поради политичката криза која ја создадоа. Дел од земјите бараат и поддржуваат санкции додека мал дел се противат на ваквата одлука.

Извор: Телма

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.