УКИМ формира комисија за изборите, Давитковски ја напушти седницата

Објавено: 4 јули, 2016, во 09:05 часот

Ректорската управа на УКИМ на вонредната седница која се одржа утринава по повод спроведените избори за претседател на Студентски парламент одлучи да формира петчлена Kомисија која ќе ги разгледа сите факти и докази за настанатата ситуација и ќе предложи заклучоци,Пишува Нова ТВ.

По денешната седница УКИМ одлучи да ги оцени изборите како скандалозни кои ескалираа со физички пресметки и вмешување на МВР кои не биле повикани од одговорните лица на Универзитетот.

Тие го осудија секој вид на притисок врз студентите преземен од страна на кои било државни органи. Ректорската управа потенцира дека нема ингеренции во поглед на изборот на студентски лидер, но сепак предложи решенија за првенирање на слични состојба.

Прв предлог е итна измена во Статутот на УКИМ во делот на студентското организирање за што веќе претходно беше формирана комисија.

Второ, преку овозможување на правен основ, Ректоркста и деканските управи да учествуваат при одганизирање и спроведување избори од страна на студентски организации. Потоа, УКМ и Студентскиот парламент активно да се вклучат во подготовката на статутарните измени и да престане секој вид на партизација и политичко манипулирање со студентите.

Сите овие предлози во форма на заклучоци кои ги донесе Ректорската управа беа на предлог на Деканот на Правниот факултет Борче Давитковски. Она што Ректорската управа одби да го вметне во заклучоците е предлогот на Давитковски, изборите да се поништат и Кирил Спировски да остане претседател на СПУКМ се до септември додека не се направат статутарните измени во поглед на студентското организирање.

Откако Ректорската управа одби да го прифати овој предлог, Давитковски ја напушти седницата и посочи дека не се согласува со формирање на комисии.

На ист став се и членовите на Студенсткиот пленум кои велат дека дополнителни комисии кои ќе оценувата што точно се случило дента на изборите, нема да дадат никаков придонес. Тие бараат УКИМ веднаш да ги исклучи од своите редови студентските претставници на Сенатот и во наставно научните совети. Тие на денешната седница на видео бим покажаа снимки од полициската акција во текот на студентските избори, со што укажаа на каков начин биле третирани студентите кои укажале на нелегитимност.

Досегашниот претседател на Студентскиот парламент Кирил Спировски, пак, побара дополнителна шанса од Ректорската управа за да може и тој да прикаже видео докази за насилството и притисоците кои тврди дека ги доживеал на денот на изборите од група студенти.

Сите докази од двете страни ќе бидат доставени до новоформираната комисија која ќе биде составена од петмина декани – членови на Ректорската управа кои ќе треба да донесат заклучок што точно се случило на денот на изборите.

Незадоволни од ваквиот исход, Пленумците на влезот на Ректоратот фрлија примероци од Етичкиот Кодекс за кој велат дека е целосно погазен.

Во меѓувреме, на прес конференција пред Ректоратот, и Професорскиот пленум побара вонредна седница на Сенатото на УКИМ, на којашто ќе се расправа за скандалозните студентски избори.

Извор: Нова ТВ

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.