Природни лекови што се користат низ разни земји во светот
Објавено: 21 јули, 2016, во 08:00 часот
Во секоја земја има разни природни лекови кои се користат за намалување на болката, подобрување на имунитетот и елиминирање на стресот.
Индонезија: Ѓумбирот ги уништува триглицеридите
Народот во Индонезија смета дека ѓумбирот е силен тоник за здраво срце. Со ова се согласуваат и научниците. Според резултатите од повеќе истражувања, ѓумбирот може да ги намали триглицеридите што се виновни за затнување на артериите и тоа за 17 отсто. Ѓумбирот е двојно поефикасен од аспиринот кога станува збор за спречување на создавање опасни згрутчувања во крвта. Препорачаната доза изнесува 10 грама.
Шри Ланка: Кокосот спречува дебелеење
Кокосовото масло е богато со масни киселини што го поттикнуваат црниот дроб 50 отсто побрзо да ги согорува телесните масти. Кога жените консумираат 30 милилитри кокосово масло или 170 грама кокосово млеко дневно, многу лесно можат да изгубат до два и пол килограми месечно.
Германија: Чајот од камилица ја спречува надуеноста
Камилицата ги смирува надбубрежните жлезди намалувајќи го излачувањето на кортизол, хормон на стресот, кој влијае на создавање гасови во организмот и болки во стомакот.
Финска: Со кафе против депресија
Финците се најпознати консументи на кафе, во просек еден Финец пие околу 1.640 шолји кафе годишно. Кога почнало да се користи кафето во Финска во 18 век, првин се користело како лек против депресија и можело да се купи единствено во аптека.
Русија: Кефирот го ублажува синдромот на нервозни црева
Русинките сакаат да пијат големи количини од овој напиток, а го користат и како лек против синдромот на нервозни црева – проблем што предизвикува дуење, бол и течна столица. Кефирот содржи пет пати повеќе здрави пробиотици од јогуртот, неопходни за нормално функционирање на цревата.
