Бони Тајлер ќе ја претставува Британија на Евровизија

Објавено: 7 март, 2013, во 21:42 часот

Некогашната британска поп-ѕвезда Бони Тајлер ќе ја претставува Велика Британија на годинашната Евровизија, која ќе се одржи во Малме, Шведска.

Велшанката Тајлер, која во седумдесеттите и во осумдесеттите години се прослави со неколку светски хита, на Евровизија ќе ја пее песната “Верувај ми ” што за неа ја направи американскиот композитор Дезмонд Чајлд.

Тој и порано има работено со Тајлер, а има компонирано песни за Бон Џови и за групата “Kис”. Овој американски автор соработуваше и со Рики Мартин.

Автори на текстот за британската евровизиска песна се Лорен Kристи и Kристофер Брајд.

Бони Тајлер, сега има 61 година и вели дека е “почестена од одлуката” таа да ја претставува британската музика на фестивалот на Евровизија.

„Многу сум почестена и задоволна што ќе ја претставувам Велика Британија во Шведска“, изјави Тајлер, објаснувајќи дека избраната песна е “многу убава”.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.