Падна првата клапа од серијалот „Тиквешко востание“!

Објавено: 3 април, 2013, во 18:46 часот

Во кафеаната „12 другари“во село Ваташа вечерва падна првата клапа од серијалот посветен на Тиквешкото востание. Серијалот ќе има 4 до 5 продолженија. Кавадарчани се горди што на 100 годишнината од Тиквешкото востание, овој мошне значаен настан ќе добие и свој филмски приказ. Драган Велјановски е режисер кој ја собрал македонската елита од актерите и се надева дека до 19 јуни, на годишнината од востанието, филмот ќе можат да го погледнат сите гледачи.

„Ќе се снима воглавном во кавадаречко, а нешто и во неготинско, доколку немаат ништо против кавадарчани, Серијалот го ја отсликува 1913 година и Тиквешкото востание. Учествуваат 44 актетри и стотици статисти. Учествува елитата на македонското глумиште. Серијалот ќе биде составен од 4 до 5 продолженија со времетраење од 45-60 минути. Ние дури планиравме ова да се премонтира и во игран филм“ рече режисерот на овој филмски проект Драган Велјановски. Нагласи дека целата своја енергија ќе ја вложел ова остварување навреме да се заврши.

ТВ серијата „Тиквешко востание“ се темели на историски настан – организиран национален револт против српскиот окупатор, како и на случки и настани од првата половина на 1913 година со учество на познати (војводите Измирлиев, Шкартов, Лазаров, Пинџуров, Коцев) и помалку познати личности од Кавадарци, Неготино и околите села коишто неможејќи да ги трпат асимилаторските притисоци и насилствата на српскиот окупатор, се кренале на востание.

Карактерот пак на дел од ликовите е граден според неповторливиот дух на Тиквешанецот кој што и во најтешките мигови во животот не се откажува од нему својствената препознатливост – хумор, чалгии, вино и дупла ж’та, но не било која ж’та.

Историските податоци за Тиквешкото востание информираат дека тоа започнало и завршило во екот на Втората балканска војна со којашто соседите ја распарчуваат територијалната целост на Македонија.

Тиквешкото востание (19 – 26 јуни 1913 год.) е еден од историските стожери на македонскиот народ во борбата за етничка, јазична, духовна и државна самостојност. Во вечниот спомен на ова македонско востание се вградени животите на 545 жители од Тиквешијата. Исто така, е забележано дека ретко кое семејство од Тиквешкиот крај  било поштедено од трагичните настани во Првата и во Втората балканска војна, a особено во настаните од јуни 1913 година.

Серијалот е во продукција на „Видео Студио Петковски“, продуцент Миле Петковски, автор на сценариото за серијата е Стево Симски, директор на фотографија Тони Коцев, а режисерската палка е во рацете на Драган Велјановски.

„Ние како министерството даваме силна подршка во филмската продукција , но филмскиот фонд е надлежен во целата подршка. Многу значаен серијал не само за тиквешкиот крај туку и за цела држава. Навистина ќе ми биде драго  на 19 јуни да се пуштат овие епизоди. Многу ми е драго што е собран целокупниот креативен уметнички потенцијал. Потенцијалот  што го видов овде е од Кавадарци, Скопје и многу други градови. Знам дека ќе го направат беспрекорно добро. Видов врвни профеионалци“ рече Канчевска-Милевска/А.Д.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.