ВИДЕО: Дали ова е иднината во патувањето?

Објавено: 22 јануари, 2014, во 08:31 часот

Оскар Вињалс, шпански дизајнер и авијатичар ентузијаст, осмисли прототип на авион кој е наречен „Небесен кит“ и за кој се кажува дека е летало на иднината, најбезбедно и најеколошки било кога направено.

Авионот, кој делува како да е излезен од некоја научно фантастична бајка е опремен со активни крила кои сами се поправаат и кои се одвојуваат од трупот во случај на незгодно слетување.

Може да прими до 755 патници, сместени во три нивоа, кои имаат можност да уживаат уште повеќе во летот заблагодарувајќи се на големите прозорци.

„Небескиот кит“ е полесен од актуелните авиони, т.е троши многу помалку гориво и ја чува околината.

Како што пренесува CNN, авионот има четири мотори. Во овој авион е користена хибридна технологија. Сега може да го чека само адекватниот инвеститор за да стане реалност.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=beLUm4sDZZ8{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.