Обвинетиот за пожарот во Поштата ќе се брани од слобода

Објавено: 31 јануари, 2014, во 13:46 часот

Арменд Фазлиу, шеф на кабинет на Рафиз Алити обвинет за пожарот во Пошта, до крајот на судењето ќе биде на слобода, јави Канал 5.

Кривичниот суд му го укинал куќниот притвор но не смее да го напушта Скопје. Од судот за Канал 5 велат, Кривичниот совет при преиспитување на куќниот притвор по службена должност утврдил дека и со друга поблага мерка може да се обезбеди присуство на обвинетиот. Од тие причини го укинал куќниот притвор а му определил мерки, забрана на напуштање на живеалиште односно градот Скопје, одземање на патна исправа и два пати неделно да се јавува во судот.

Фазлиу беше приведен на почетокот на октомври и по две недели во притвор беше пуштен во домашен притвор. Обвинет е за тешки дела против општата сигурност. Според обвинението, пожарот започнал во неговата канцеларија и бил предизвикан од зажарено тело а се разгорел откако ги зафатил кантите со моторно масло кои биле мостри од постапката за јавна набавка.

Судскиот процес против него почна пред една недела. Тој тврдеше дека е невин. Ниту пушел во канцеларија ниту било како го предизвикал пожарот.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.