Ослободете се од црвенилото на лицето

Објавено: 1 февруари, 2014, во 11:16 часот

Ниските температури и ветрот ни најмалку не одговараат на чувствителната кожа која е склона кон црвенило. Ако ве мачи тоа ви откриваме природни решенија кои ќе ви ја смират кожата.

Мента- Делува противвоспалително поради што е одлична за убалжување на црвенилото но и за кожи склони кон акни и иритации. Изгмечете лисја од свежа мента и исцедете ги. Со добиениот сок намачкајте ги проблематичните подрачја,оставете да делува 10 ина минути и зимијте со ладна вода. Во недостаток на свежа мента земете чај од мента.

Камилица – Таа е одлична за ублажување на црвенилото,направете посилен чај и оставете да се излади.Парче вата натопете со чај и преминете со него преку проблематичните подрачја. Оставете да делува 15 минути и измијте со млака вода.

Алое вера – Исцедете врв лист од алое вера од кој ќе извадете гел.Гелот оставете го во фрижидер да се излади ан 5 минути а потоа нежно нанесете го на проблематичните подрачја.Оставете да делува 5 минути а потоа измијте.Лицето на крај исчистете го со својот вообичаен гел или лосион за чистење.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.