Студенти на Универзитетот во Приштина четврти ден протестираат
Објавено: 1 февруари, 2014, во 08:10 часот
Студентите на Универзитетот во Приштина четврти ден по ред ја блокираа зградата на ректоратот, спречувајќи го раководството да дојде на работните места.
Три групи студенти, потпишани како организатори на протестот, велат дека при влегувањето на студентите во дворот на ректоратот, приватното обезбедување, под надзор на косовската полиција, применило физичко насилство врз некои студенти.
Раководството на Универзитетот во Приштина вчера побара од демонстрантите да не го блокираат ректоратот, бидејќи тоа го оневозможува продолжувањето со нормална работа на универзитетот.
Студентските протести започнаа пред една недела, по написите во косовските медиуми дека повеќето научни трудови што на ректорот Ибрахим Гаши му се признаени како придонес за доделување на титулата доктор на науки, се објавени во научно списание во Индија, кое е лажно.
