Збогатете ја зимската исхрана со брокула
Објавено: 3 февруари, 2014, во 10:51 часот
Во зима обично јадеме висококалорична храна но без овошје и зеленчук нашата исхрана не може да биде здрава.
За да бидете здрави,полни енергија и витки,ви предлагаме зимскиот мени да го збогатите со брокула.Овој вкусен производ е многу корисен за здравјето ави откриваме неколку причини поради кои би требало да стане ваш омилен избор.
Ако сте наклонети кон прејадување,брокулата совршен избор за вас бидејќи заситува. Нискокалорична е па затоа не морате да се грижите поради вишок килограми а е одлична и во заштита од настинка бидејќи природно го зајакнува имунитетот.
Брокулата е добра за здравјето на срцето,го регулира крвниот притисок. Важна е за здравјето на коските но е одличен сојузник и во превенција од рак. Добар избор е за лица со дијабетес а помага и во регулација на хормоните.
