НАТО и спорот со Грција теми на молитвениот појадок

Објавено: 6 февруари, 2014, во 09:12 часот

Македонските претставници денеска во хотелот Хилтон во Вашингтон, ќе учествуваат на традиционалниот молитвен појадок во САД, заедно со  илјадници учесници од целиот свет каде што ќе ги поздрави претседателот Обама .

Појадокот, всушност претставува моѓност за меѓусебни средби на политичари граѓански активисти од целиот свет и политичари  и конгресмени од САД.Во овие за неколкудневна серија настани, македоската делегаци во чиј состав се пратениците Влатко Ѓорчев , Андреј Петров, Силвана Бонева и Сузана Салииу , екс премиеорт Владо  Бучковски и поранешната прва дама Вилма Трајковска, веќе ги имале првите средби со неколку конгресмени.. Тие најмногу биле заинтересирани запрашањата поврзани со Југоисточна Европа, и во делот со Македонија, нашето членство во НАТО и спорот  за името. Американците, посакуваат Македонија да биде членка на НАТО пред се, што е можно побрзо., е заклучокот на нашите претставници во разговорите

Координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева вели дека средбите во Конгресот ги користат да се добие поддршка за надминување на грчките пречки за приемот на Македонија во НАТО.

– Баравме поддршка за Република Макеоднија, за нашето членство во НАТО и баравме признавање на одлуката на Меѓународниот суд во Хаг, да биде промовирана од нашите пријатели, конгресмени, лобисти и со тоа да го помогнат нашето членство во НАТО и решавањето на спорот со Грција,
изјави Бонева.

За време на посетата, претставници на македонската делегација имаат средби и во Стејт департментот, во аналитичките центри во Вашингтон, како и со македонската дијаспора

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.