Пиво или вино?
Објавено: 26 февруари, 2014, во 11:11 часот
Знаеме дека и пивото и виното се здрави за срцето. Тоа го потврдуваат и многубројни истражувања. Но, според вас, за што би се одлучиле? Кој е подобар пријател на срцето?
Пола литар пиво на ден може да го подобри здравјето на срцето, бидејќи тоа ги прави артериите повеќе флексибилни и ја подобрува циркулацијата.
Умереното пиење пиво е многу корисно за организмот, а ефектот на подобар проток на крвот е видлив за само три часа. Според повеќето истражувања е покажано дека пиењето на половина литар пиво на ден го намалува ризикот од срцев удар за една третина.
Пријател на срцето исто така е и виното. Верувале или не виното е еден од најголемите кардио заштитници. Присуството на антиоксиданси овозможува заштита на срцето како и контрола на крвниот холестерол. Според стручни лица, виното на срцето делува слично како и аспиринот кој го примаат пациенти кои превземаат превентивни мерки за заштита на срцето.
