Растенија во борба со токсините
Објавено: 5 март, 2014, во 10:53 часот
Вклучете некои од овие природни растенија или екстракти во исхраната, за да ги прочистите цревата од отрови, бидејќи тие се главната зона во која штетните материи се формираат и чуваат.
Се смета дека важно е да се осигура здравјето на црниот дроб и бубрезите, кои се основна пречистителна станица во вашето тело.
Глуварче
Може да се користи за салата или за чај. Таа помага обновувањето на црниот дроб по болести или ако тој е преоптоварен од консумирање на алкохол и тешки храни. Се конзумираат зелените лисја на глуварчето.
Млечен магарешки трн
Тој го заштитува црниот дроб од оштетувања и помага во неговата способност да се регенерира. Екстрактот од бел трн често се пие од луѓе кои имаат утврдено оштетување на ткивото на црниот дроб.
Куркума
Куркумата е позната со своите квалитети и по тоа што помага на црниот дроб. Редовната употреба на куркума, чие основно средство со корисни својства е куркуминот, активно го засилува метаболизмот и помага во исфрлањето на токсините.
Зелен чај
Пијалокот од чајни ливчиња со различен степен на ферментација е силен антиоксидант и има тонизирачки ефект. Најмалку кофеин има во белиот чај, кој што е мек на вкус. Анти материите во пијалокот придонесуваат за исфрлањето на токсините од организмот, а според истражувањето штитат од бројни болести.
Кориандер
Зелената билка може да се користи во јадења или во салата. Супстанциите во зачини имаат силно антибактериско и антиоксидантно својство. Тие помагаат за побрзо отстранување на штетните токсини од организмот, како што се тешките метали.
