Дојче Веле: Што ке донесе кризната дипломатија?
Објавено: 5 март, 2014, во 08:36 часот
ОБСЕ денеска (5.03) треба да испрати свои набљудувачи во Украина. Дел од мисијата во која учествуваат 15 земји се и двајца германски војници. На Крим веќе е специјалниот пратеник на ОН Роберт Сери, јави Дојче Веле.
Дали невооружените набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа ќе добијат пристап до Крим, е нејасно. Мисијата следува по барање на Украина, а нејзина задача е да разјасни што се случува со контроверзната воена мисија на руските сили на полуостровот.
Инаку, на Крим веќе се наоѓа специјалниот пратеник на ОН Роберт Сери. Холанѓанецот е всушност специјален ополномоштеник за мировниот процес на Блискиот Исток, но важи како политички „пожарникар“ на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Тој на Крим доаѓа од Киев, каде се наоѓаше во текот на изминатата недела.
Дипломатските напори за мирно решавање на конфликтот продолжуваат и денеска. Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери, неговиот руски колега Сергеј Лавров, шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер и претставници на ЕУ-членките имаат средба во Париз.
На маргините на средбата на групата за поддршка за Либан ќе стане збор пред сѐ за состојбата во Украина. Освен тоа, со развојот на ситуацијата ќе се занимава и Советот НАТО-Русија во Брисел. Штајнмајер изрази умерен оптимизам дека конфликтот може да се смири.
„Има мала шанса да се почне меѓународен политички процес со кој може да се запре спиралата на ескалација меѓу Русија и Украина на Крим“, изјави тој за „Рајнише пост“.
Текстот во целост прочитај го тука.
