Жирафи доаѓаат на појадок само на едно место во светот!
Објавено: 5 март, 2014, во 09:41 часот
Можете ли да замислите дека додека појадувате преку прозорец да Ви влезе во соба глава на жирафа и да ви изеде дел од појадокот. Веројатно не но, ваква глетка е вообичаена само во еден хотел во светот, во Кенија.

Хотелот со жирафи се наоѓа во предградие на Најроби Лангат и заедно со природниот резерват е дом на загрозениот вид Ротшилд жирафи.

На имотот живеат повеќе од 10 жирафи а кон гостите се однесуваат како домашни миленичиња.

Сопствениците на хотелот водат грижа за грациозните животни со долг врат, зближуваат парови и ги подготвуваат за враќање во природни услови за да се обезбеди потомство на овој вид жирафи.

Дружењето со нив е неповторливо доживување.

Посебен шарм на хотелот му дава и бршленот со кој е обрасната старата зграда.
Жирафите обожуваат да зиркаат низ прозорците и вратите.
Освен вообичаените глетки кога жирафите ја спровираат главата низ прозорците за додека јадете да ви „соберат“ нешто од чиниите многу често се случува да ви дојдат и на врата. Така им се приближуваат на гостите.

