Знаете ли зошто ви „игра“ окото?

Објавено: 7 март, 2014, во 09:04 часот

„Играњето“ на окото е сосема вообичаена состојба и почесто претставува напор отколку што има било какви последици.

Во поголемиот број на случаи, показател е на помали здравствени проблеми:

Умор – Најверојатно ви недостасува сон.

Стрес – Обидете се со техники на опуштање, јога или медитација.

Кофеин – Можеби би требало да ја намалите количината на кафе која ја пиете.

Иритација на окото – Ако неодамна сте имале некоја иритација на окото, не е чудно ова да ви се случува.

Пушење – Можеби е време да ги оставите цигарите.

Покрај константното грчење, може да се јави и замаглен вид или осетливост на силно светло. Во секој случај, не грижете се, „играњето“ на окото не може да ви го оштети видот.

Во многу ретки случаи, играњето на окото може да биде знак за посериозна здравствена состојба, како на пример проблеми со нервите, парализа на нервите или воспаление на очниот капак. Меѓутоа, во овие случаи грчевите се јавуваат зачестено и обично ги погодуваат двете очи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.