Најголемите мистерии се скриени во човечкиот мозок

Објавено: 10 март, 2014, во 08:29 часот

Како музиката предизвикува емоции или едноставно што е тоа свест се само две од  многуте неодговорени прашања поврзани со човечкиот мозок.

Одговорите на споменатите прашања не се сеуште добиени, ама тие и не се единствените.

AllTime10’s  на едно место  собрал 10 нерешени мистерии кои сеуште ги крие човечкиот ум, со делумно објаснување и погодувања, ама и причините зошто некои работи сеуште ни се непознати.

Меѓу овие мистерии се наоѓаат и емоциите и физичката реакција кои се појавуваат кога слушаме музика, а тие не придонесуваат за наше преживување, свеста кои сите ја имаме, ама не е познато зошто е субјективна за секоја личност и како специјализираните делови од мозокот комуницираат меѓусебно и како мозокот од тие елементи создава наша поединечна перцепција за светот.

Голема загонетка претставува и сонот за кој поедини научници веруваат дека ни помага да ги решиме проблемите со кои се соочуваме како и начин на кој нашиот мозок го разбира времето – иако звукот патува побрзо од сликата, нашиот мозок сепак е во состојба да ги синхронизира овие работи.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=1hZ98an9wjo{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.