Од шала земал тест за бременост но, она што се случило потоа не можел да го предвиди!
Објавено: 10 март, 2014, во 08:41 часот
Штом открил дека поранешната девојка во станот му оставила неискористен тест за бременост, еден маж од радозналост одлучил да се тестира. Но, она што потоа се случило откако измокрил на него, не можел да го предвиди ниту во најлудите сонови!
Кога индикаторот покажал на двете црвени црти, што означуваат бременост, радозналиот шегаџија го сликал и на пријателите на друштвените мрежи им се пофалил дека е „бремен“.
Се разбира сите добро ги насмеал а еден од пријателите дури направил комичен стрип од целата ситуација.
Штом бил објавен на интернет некои корисници го предупредиле дека резултатот можеби укажува на здравствени проблеми.
„Ако тестот за бременост бил позитивен тоа може да значи дека имате рак на тестиси. Проверете на Google, го советувал еден коментатор.
Шегаџијата ги сватил сериозно овие зборови и отишол на лекар. Дијагнозата потврдила дека тој навистина имал рак на десниот тестис.
Иако шегата на крајот му го спасила животот, лекарите сепак предупредуваат дека тестовите за бременост не можат секогаш на насетат рак на тестиси па затоа не смеат да се избегнуваат редовните контро
