ЕИБ се вклучува во истрагата за случајот „Актор“

Објавено: 14 март, 2014, во 08:17 часот

И Европската инвестициска банка (ЕИБ) се вклучува во истрагата за наводна измама и корупција во аферата „Актор“, објави Капитал.

ЕИБ како еден од финансиерите на изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица ги пријавила наводите за корупција и измама во својот Генерален инспекторат кој врши ревизија на сите проекти финансирани од оваа банка.

– Наводите во врска со овој проект се веќе пријавени во Генералниот инспекторат на ЕИБ и ние ќе стапиме во контакт со сите релевантни инволвирани институции – одговориле за Капитал од централата на ЕИБ во Луксембург.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Делегацијата на Европската Унија во земјава кои не го коментираа случајот.

Од централата на ЕБОР во Лондон, одговориле за Капитал дека не коментираат ништо во врска со ова, додека пак од канцеларијата на Европската Унија во Македонија, одговориле дека „Делегацијата нема коментар во однос на изведувањето на проектот Демир Капија – Смоквица поддржан од ЕУ, а прашањето за движењето на парите во државата е прашање што ги засега националните власти“.

Вообичаена пракса во вакви случаи, кога постојат сомнежи за криминал и корупција, коментира Капитал, е да се прекине финансирањето додека не се истражат наодите.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.