Двајца загинати во насилствата во Украина
Објавено: 15 март, 2014, во 11:06 часот
Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Aвакхов потврди дека две лица загинале , а неколку други биле повредени во престрелка во источниот украински град Харков во петокот, јави Раадио Слободна Европа.
Aваков на својата Фејсбук страница напиша дека околу 30 лица биле приведени синоќа.
Идентитетите на загинатите не е наведен. Aваков додаде дека еден полицаец бил сериозно повреден и дека било запленето оружје.
Тој рече дека истрагата е во тек. Насилството доаѓа еден ден по судирите во источниот град Донецк кога еден про-украинскиот демонстрант загина, а неколку други лица беа повредени.
