Зошто не треба да спиеме крај мобилниот?
Објавено: 17 март, 2014, во 12:04 часот
Осум од 10 корисници на мобилен телефон спијат покрај него во текот на ноќта, а половина од нив го користат како аларм, покажало последното истражување.
Следниот пат кога нема да можете навечер да заспиете и кога ќе размислувате на списокот за купување, утрешните состаноци и дали сте заклучиле врата, решението е едноставно – отстранете го мобилниот од спалната соба. Осум од 10 корисници спијат со мобилниот крај себе, а половина од нив го користат како аларм, покажало последното истражување, јавува Graphic.com.
Експертите се загрижени поради влијанието кое тоа го има над луѓето, близината на мобилните телефони не прави супер-чувствителни па веројатно е нашиот сон да биде пореметен. Сето тоа може да предизвика и несоница и други проблеми околу спиењето.
Покрај несоницата, некои тврдат дека спиењето покрај мобилниот може да предизвика и вртоглавица и главоболка.
