Пустец останува во Центар
Објавено: 22 март, 2014, во 08:33 часот
Државната изборна комисија ги отфрли приговорите на опозицијата за корекции во избирачкиот список, јави Нова тв.
Опозицијата бараше неколку измени, но, најважната претставка се однесуваше на гласачите од Пустец кои се пријавени на исти адреси, меѓу кои и станови во сопственост на државата.
Исто така, се отфрли барањето за изземање на мртвите гласачи кои се уште фигурираат во избирачките списоци.
– Барањето на СДСМ е да се избришат граѓаните кои се пријавени во неколку општини за кои сомнежите се дека се од Пустец. Дали е основано барањето? Мојот одговор е да, рече Рилковски велејќи од МВР не добиле конкретен одговор како овие лица се стекнале со пасоши и лични карти во Македонија.
