Кина има снимки од можни остатоци од малезискиот авион

Објавено: 22 март, 2014, во 12:56 часот

Малезискиот министер за транспорт Хишамуд Хусеин денеска изјави дека Кина има нови сателитски снимки кои би можеле да се поврзат со исчезнатиот авион „Малезија ерлајнс“, јави Радио Слободна Европа.

Тој на прес-конференција во Куала Лумпур истакна дека кинескиот амбасадор го известил дека се забележани предмети кои пловат на површината на водата на јужниот коридор и дека тие ќе испратат бродови за да го потврдат тоа.

Предметот кој е забележан на снимките е долг околу 22 метри и широк околу 13. Се очекува Кина да соопшти повеќе информации во наредните неколку часа

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.