Национална алијанса за ретки болести

Објавено: 22 март, 2014, во 13:04 часот

Повеќе од 70 пациенти со над 17 ретки болести се дел од здружението “Живот со предизвици“, јави 24 Вести.

Невладините организации денеска формираа Национална алијанса за ретки болести.

Сметаат дека само така обединети ќе можат да се борат за своите права пред институциите и вкупниот здравствен систем.

Пред се, како прв чекор според здруженијата е формирање на регистер на ретките болести.

Овие луѓе заслужуваат норамлен и пристоен живот – беше заклучено на денешната дебата..

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.