Новинарската награда „Никола Младенов“ за Мулачка, за Точи и за Кежаровски
Објавено: 26 март, 2014, во 07:53 часот
Новинарката на „Фокус“, Ирена Мулачка е добитник на новинарската наградата „Никола Младенов“ за 2013 година со прилогот за скандалот „Перде“, јави Нова Тв.
Втората награда и припадна на новинарката од НОВА ТВ, Менче Атанасова Точи за прилозите поврзани со загадувањето во Кавадарци, а третото место го освои Томислав Кежаровски за написите околу сообраќајната несреќа на Никола Младенов.
Годинава стручното жири додели и две пофалници за исклучителен новинарски ангажман. Новинарката на НОВА Сашка Цветковска доби признание за примената на нови техники при истражување податоци на Интернет, во врска со сторијата за имотот на првиот човек на тајната полиција, објавена на Интернет порталот „Нова ТВ“.
Новинарот Петре Димитров доби пофалница за обемниот серијал посветен на штитеничка во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско, објавено на порталот „Е–Магазин“.
На годинешниот конкурс се пријавија 21 автор, со вкупно 29 стории обработени во 91 текст/прилог, кои беа објавени во дневните весници и Интернет портали.
Наградата се доделува традиционално по тринаесетти пат, како дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.
