Земјотрес во Калифорнија

Објавено: 29 март, 2014, во 07:37 часот

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, соопшти геолошката служба на САД.

Епицентраопт на земјотресот бил во близина на Ла Хебра, предградие на Лос Анџелес, на 1,9 километри длабочина.

Земјотресот бил почувствуван во четри окрузи – од Палм Спрингс на исток до Вентура на север.

Се уште нема информации за евентуални човечки жртви или причинета материјална штета.

 


Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.