Силно невреме во беровско и делчевско пред време ги „обра“ овошките

Објавено: 29 март, 2014, во 15:23 часот

Силно невреме повеќе од 12 часа остави делови од беровско и делчевско без струја, а градот и снегот штети направија на домовите, а предвреме ги обраа и овошките.

Најголеми штети има во околината на Вирче и Тработивиште. Штети има и во во останатите делови на пијанечко малешескиот крај, но колкави се ќе се знае по покачување на температурите кога сеочекува да се поајават проблемите.

Ова е резултат на температурите кои синоќа овде се спуштија до под нулата и ветрот кој дувал со силина од околу 80 километри на час. Екипи на Министерсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство вршат проценки на штетите на терен.

Силно невреме, проследено со дожд, ветер и слаб град имаше и во останатите општини од регионот, но за среќа посериозни последици не се регистрирани.

Даниела Такева

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.