Едношалтерски систем за изгубен и обнова на лични документи

Објавено: 1 април, 2014, во 08:02 часот

Во сите градови во Македонија од денеска почнува едношалтерскиот систем за објава на изгубен личен документ и отпочнување постапка за вадење нов од едно место, само на шалтерите во управните служби на МВР.

Со оваа поедноставена постапка, како што соопшти МВР, граѓаните ќе можат да извршат и уплата и објава за неважечки документ за лична карта, пасош, возачка дозвола и сообраќајна дозвола  на шалтерите на МВР  и веднаш да ја отпочнат постапката за вадење на нов документ.

Овој проект чиј тест период се изведуваше деновиве е заеднички на МВР и ЈП Службен весник,  а со него се овозможува скратување на процедурата за пријавување, а граѓаните новите документи може да ги извадат во значително пократок период.

Во Македонија, според досегашната статистика, 30.000 граѓани во просек годишно ги губат своите лични документи од кои најмногу лични карти, потоа возачки дозволи, патни исправи и на крај сообраќајни дозволи.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.