Во Брисел средба Венизелос и Бан Ки Мун
Објавено: 3 април, 2014, во 14:23 часот
Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос вчера во Брисел имал куса средба со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на која разговарале и за прашањето за спорот за името.
– Со генералниот секретар на ОН кусо разговаравме за две главни прашања кои се однесуваат на нас: кипарското прашање се разбира, но и за иницијатива на Нимиц во врска со прашањето за името.
Позициите на Грција се јасни и цврсти, и генералниот секретар го цени тоа, изјави Венизелос.
Како што јавува МИА, средбата меѓу шефот на грчката дипломатија и Бан Ки Мун се одржа на маргините на самитот ЕУ-Африка.
