По низата порази и нерешени резултати ФК Борец претпоследен на табелата
Објавено: 7 април, 2014, во 11:31 часот
Екипата на ФК Борец не успеа да ја продолжи низата на освојување на бодови по двете средби со нерешен резултат. Во 22-то коло од втората фудбалска лига тие загубија на гости кај екипата на Тиверија со 2:1.
Овој пораз на велешани им го донесе претпоследното место на табелата со 14 освоени бодови. По 22 одиграни натпревари Борец има лош резултат, дури 16 порази, четири победи и две нерешени.
Екипата се наоѓа на претпоследното место на табелата благодарение само на подобрата гол разлика со последно пласираната екипа на Локомотива.
Во наредното 23-то коло, Борец е домаќин на екипата Врапчиште, која во есенскиот дел од првенството загуби 2:1. Натпреварот ќе се одигра на помошното фудбалско игралиште во Градскиот парк./Д.С
