Јапонците лудуваа на фестивалот на пенисот

Објавено: 10 април, 2014, во 07:07 часот

Мажите го слават овој фестивал а на жените веројатно им се допаѓа. Фестивалот на пенисот е еден од ретките настаните кој со подеднаков ентузијазам го о чекуваат и мажите и  жените. Се одржува секоја година на 6 април во јапонскиот град Кавасаки, а повод ниту оваа година не недостасуваше.

Во неделата, на 6 април, се одржа уште една фестивал во чест на фалусот, целосно откачен  настан кој делува како масовна моминска вечер.

Пенисот е централната тема на настанот, кога голема скулптура се носи низ улиците до локалната црква, која некогаш ја окупирале проститутки кои барале  помош и заштита од сексуално преносливи болести.

Денес, фестивалот е голема  туристичка атракција, а целта е да се соберат пари за истражување и да се подигне свеста за ХИВ.

Ако не знаете каде да патувате следната пролет, еве идеја!

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.