Какво време ќе имаме денеска?
Објавено: 24 април, 2014, во 06:06 часот
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, грмотевици и ветровито. Во доцните попладневни часови се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 12°C, а максималните дневни температури од 11°C до 21°C.


