ФК „Борец“ декласиран од „Победа Јуниор“
Објавено: 7 мај, 2014, во 13:17 часот
Уште еден катастрофален пораз за фудбалерите на Борец. На гости кај Победа Јуниор изгубија со 12:1. Единствена светла точка е тоа што до крајот на сезоната имаат уште еден натпревар.
Очајните игри и катастрофалните резултатите се нижеа во серија. Не само што излегува поразен од натпреварите туку и губи со голема разлика од противничките екипи.
Во рамките на 28-мото коло на втората фудбалска лига домаќините ги понижи екипата на Победа Јуниор. На прилепскиот стадион забележаа баснословна победа од дури 11 гола предност. Каков било коментар за играта на Борец е непотребен по ваков резултат.
За ваквите лоши резултати највлијателна е лошата финансиска состојба со која се соочува клубот. На последните три натпревари Борец постигна само два гола, а прими 25.
Во наредното коло велешките фудбалери ја пречекуваат екипата на Шкупи. По откажувањето на настапот во лигата на противникот Руфеја, фудбалерите на Борец се слободни во последното коло./Д.С
