Нов интернет пребарувач кој не шпионира!

Објавено: 12 мај, 2014, во 10:38 часот

Duckduckgo е интернет пребарувач кој е релативно нов и има  главна цел да не ги следи корисниците и да не прибира информации од нивните активности кои потоа може да бидат искористени или злоупотребени.

Duckduckgo.com функционира прилично брзо и експресно ги добивате резултатите за поимите кои ги пребарувате, а нив може да ги внесете во различни видови на категории, како и директно пребарување на видеа, вести и друга содржина од конркетни интернет сајтови.

Duckduckgo исто така ги прикажува резултатите од пребарувањето преку Wikipedia и уште многу други познати јавни онлајн извори на информации. За полесен пристап на вашиот интернет прелистувач може да ја инсталирате и екстензијата за Duckduckgo или пак да го одбетере како примарен пребарувач.

Duckduckgo има креирано и посебна мобилна апликација за платформите Android и iOs.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.