НАСА: Топењето на мразот на Антарктикот не може да се запре

Објавено: 13 мај, 2014, во 06:39 часот

Информацијата од која сите се плашат е потврдена на прес конференција. Според резултатите на две нови истражувања топењето на мразот на западниот Антартик не може да се запре.

Истражувањата се засноваат на 40 годишните проучувања на западниот Антарктик. Истражувачите дошле до заклучок дека состојбата во која се наоѓаат глечерите е многу лоша.

Топењето не може да се запре, колапсот е неизбежен, а поради тоа нивото на морињата ќе се подигне за еден метар.

Повеќемина научници не очекуваа дека ледениците ќе се топат со вака голема брзина. Поради тоа најитно е потребно да се ревидираат сите досегашпни предвидувања за подигнувањето на нивото на морињата.

Западниот и источен леденик на Антарктикот се раздвоени со Трансактарктичките планини. Иако западниот леденик е помал, тој е многу покревок од источниот, затоа што „седи“ на врв од карпест темел под нивото на морето и така е на удар на топла вода која доаѓа од океанот.

Потполниот колапс на ледениците се очекува за 200 години додека во наредните неколку децении тие ќе се топат а со тоа ќе се подигнува нивото на морињата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.