Имате бемки? Радувајте се ако е така!

Објавено: 27 јануари, 2015, во 09:26 часот

Зошто е добро да имате бемки? Се чини дека сепак некои телесни маани се добри за здравјето.

Иако зголемениот број на бемки го зголемува ризикот од развој на рак на кожата за 10 пати повеќе, истовремено може да укажува и дека ќе доживеете длабока старост.

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон проучиле повеќе од 900 парови близнаци и утврдиле дека оние со 100 или повеќе бемки живеат во просек шест години подолго од оние кои имаат 25 или помалку бемки.

Тие мислат дека ова има врска со теломерите, кои се наоѓаат на крајот на ланецот на ДНК, како пластичните завршетоци на врвките за чевлите, и така всушност ја штитат ДНК. Теломерите со времето се скратуваат, а нивната должина ја укажува брзината со која телото старее, сметаат научниците.

Др. Вероника Батаил, дерматолог во британската болница Хемел Хемпштед вели: “Можно е оние со многу бемки побавно да стареат, а тоа ни покажува и дека е помала веројатноста дека ќе развијат болести поврзани со стареењето.”

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.