Повторно ограбени емигранти,кај Велес
Објавено: 27 јануари, 2015, во 09:17 часот
Полицијата го осомничи дваесет и четири годишниот К.Г од Велес за разбојништво што го извршил над тројца сириски државјани. Разбојништвото се случило лани на 27 ноември, околу 23.30 часот, на железничката пруга Гевгелија – Велес во близина на месна индустрија „Агриа“. Таму разбојникот со уште две засега непознати лица ги пресретнале емигрантите од Сирија им се претставиле како полицајци, по што побарале од нив да им ги дадат парите што со себе ги носат.
Во еден момент, еден од разбојниците, извадил пиштол кој го репетирал и им наредил да легнат на земја за потоа да ги удира неколку пати со раце и нозе по телото. По ќотекот емигрантите биле ограбени и од нив биле одземени 600 евра и четири мобилни телефони, по што разбојниците се дале во бегство. Тие на емигрантите им нанале штета од околу 60 000 денари.
Полицијата денеска против велешанецот К.Г поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“. /У.Ј


