Државата втор пат го извиси семејството Крстеви за инвалидска пензија сега мораат да тужат

Објавено: 28 јануари, 2015, во 13:19 часот

По втор пат е одбиена  жалбата за пензијата на Јосе Крстев и предметот повторно е вратен на почеток кај првостепената комисија. Оваа комисија при Фондот за пензиско инвалидско сигурување  одлучила да ја одбие жалбата на Крстеви и да ја прогласи за неоснована.

„Тоа значи дека го прогласуваат мојот сопруг за способен за работа, пензијата дефинитивно е укината и фактички со ова не осудија на смрт.  Јавно барам  да се формира посебна комисија што ќе го испита случајот и нека закажат каде да го однесам мојот сопруг, нека го прегледаат и ако каже и таа комисија дека е способен ќе го пријавам во Бирото за вработување па тие нека му најдат работа или нека го вработи комисијата.  Јосе не е способен сам да си ги заврши своите лични работи е зависен од мене и секогаш јас морам да му помагам. Има шест мозочни удари, постојани краткотрајни изливи и канцер.  Па самите тие  во првобитното решение изјавија дека е трајно неспособен за работа“, рече сопругата Драгица.

Крстеви веќе немаат право да поднесуваат жалба на последната негативна одлука на Фондот.  Овој пат проблемот ќе го решаваат по судскси пат.

„Овој пат ќе одиме на Управен суд. Ќе одиме до крај, ако и од таму не одбијат ќе одиме до  судот за човекови права во Стразбур. Ако се искрени и ако ја вршат работата како што треба верувам дека овој пат ќе добиеме“, рече Драгица.

Година и пол Крстеви тропаат од врата на врата по институциите барајќи ја правдата. Тогаш им беше укината инвалидската пензија на Јосе. Претходно комисијата, земајки ја во предвид медицинската документација, го прогласи за неспособен за работа. Тој две години добиваше инвалидска пензија поради мозочните изливи, оперираниот нос од канцер и други здравствени проблеми. Потоа лекарската комисија се поколеба и му ја укина пензијата. Сега Јосе и сопругата живеат без никаква егзистенција  освен од добрата волја и хуманоста на граѓаните и организациите. /Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.