Витамин К – потребен на човечкиот организам
Објавено: 29 јануари, 2015, во 08:58 часот
Витаминот К, кој спаѓа во групата на витамини растворливи во масти, претставува коагулациски витамин, бидејќи има важна улога во згрутчувањето (коагулација) на крвта. Витаминот К е составен од група на витамини (К1, К2, К3, К4, К5), кои или се растворливи во вода или во масти.
Минималните дневни потреби за витамин К не се јасно дефинирани. Овој витамин може доволно да се внесе преку храната, или пак тој самиот се синтетизира со помош на бактериите кои се наоѓаат во цревата. Го има во зелениот зеленчук (брокула, спанаќ, кељ, и друго), црниот дроб, кравјо млеко, житариците и др.
Препорачлива доза на витамин К за 25 годишен маж се смета 120 микрограма на ден, а за возрасна жена се смета 90 микрограма на ден. За деца до 7 годишна возраст 10 до 20 микрограма на ден. За деца над 7 години и адолесценти 15 до 100 микрограма на ден.
Витамин К е одличен за коските, затоа што им помага на протеините, кои ги формираат коските, правилно да функционираат.
Овој витамин е ефикасен во борбата против модерните подочници, па затоа козметичарите препорачуваат да се става на кожата пред спиење. Исто така, витаминот К е добар во борбата против губењето на бојата на местата под очите. Витаминот К навлегува низ порите и стигнува се до оштетените капилари и артерии со што помага во згрутчувањето на крвта. На тој начин го спречува создавањето на темни подочници, а му овозможува на ткивото бргу да заздрави.
Карактеристики и делување на витаминот К: Природниот облик кој го добиваме од храната се витамините К1 и К2. Тие можат да бидат синтетизирани во тенкото црево од страна на микроорганизмите.
К3 е синтетички – метилнафтокинон (metilnaftokinon) – облик на витаминот К.
Витаминот К е потребен во црниот дроб за синтеза на факторот за коагулација.
Витаминот К е неопходен за создавање протромбин – хемикалија која ја згрутчува крвта.
Недостог на витаминот К се јавува доколку е смалена апсорбцијата на масти во дигестивниот тракт.
Доколку постои недостиг на витаминот К во плацентата, односно кај трудниците (особено ако трудницата прима антикоагуланси), настануваат скелетни деформитети кај новороденчето.vitamin k
Кај тешките оштетувања на црниот дроб како што се цироза или присутен карцином, постои недостиг на протромбин, кој со витаминот К не може да ублажи.
Делува за намалување на големиот менструален облив.
Апсорбцијата на витаминот К ја помага: неомицинот.
Апсорбцијата на витаминот К ја одмогнуваат: минералните масла, Х-зраци, радијација, замрзнување на храната, аспирин, загаденоста на воздухот и холестирамин (Cholestyramin).
