Речете им Не на контролорите на личноста
Објавено: 30 јануари, 2015, во 08:31 часот
Постојат многу луѓе кои се обидуваат и контролираат други личности преку начинот на кој ги третираат. Ова редовно вклучува манипулација, закани и дискриминација.
Контролата може да се јави во многу облици и може да помине доста време пред на некоја личност да и стане јасно дека е контролирана. Ова најчесто е заради фактот што оној што контролира е експерт за тоа како да ја префрли вината врз своите жртви и тогаш кога не направиле буквално ништо лошо.
Како изгледа контролата?
Контролерот се обидува да смени нечие однесување, неговите ставови и верувања и неговите релации со другите. Ова некогаш е суптилно, а некогаш и директно барање. Еве неколку знаци со чија помош може да препознаете ако некој сака да ве контролира:
- Ако личноста се обидува да ви ги наметне своите сфаќања и правила врз вашиот живот.
- Повинувањето на нивната волја е единствен начин да имате мир од нивните непрестајни барања.
- Контролерите се убедени во секое време дека тие се во право а вие грешите. Секој обид да ги убедите дека е поинаку е безнадежен.
- Контролерите обично имаат извртен поглед на свет кој се обидуваат да им го наметнат и на другите.
- Во екстремна форма, контролата може да се манифестира како напаствување, малтретирање, дискриминација и физичко насилство.
Кој се обидува да ги контролира другите?
Улогата на контролери може да ја играат различни личности. Од некои е полесно да се избега, но од други како што се членови од семејството или брачен сопатник, потребно е да се вложи поголем напор. Чест случај е личноста да не може да го согледа она што го прави па го негира ако биде конфронтирана. За некој да се обидува да контролира, не значи дека мора да е возрасен, дури и децата можат да научат како да го контролираат однесувањето на возрасните, на пример со настапи на лутина да дојдат до чоколадо или што и да е тоа што го сакаат во даден момент.
Во некои ситуации, контролата може да биде потребна и оправдана. Кога контролата е неадекватна за одредена ситуација, во најчест случај ќе предизвика некого да се чувствува лошо најмногу заради тоа што ќе направи нешто што не сака.
Првиот и најважен чекор за справување со контролирачкото однесување е да се препознае. Еве два примери кои го илустрираат ваквото однесување во секојдневниот живот:
- Човек кој работи во обезбедување на аеродром ги поздравува патниците им вели да се насмеат. Продолжувајќи понатаму дека животот не е толку лош и сите треба да се насмеат. Инсистирајќи луѓето да го направат тоа, тој ја поминува границата на љубезност и предизвикува нелагодност и лутина кај некои од патниците.
- Мајката инсистира дека таа подобро знае од нејзината веќе омажена ќерка каква фризура и облека подобро и стои. Секој обид на ќерката да донесе своја одлука во врска со овие работи е дочекан со презир.
Како да се справите со контролирачка личност?
Неадекватното користење на контролата со цел манипулирање може да биде екстремно штетно. Една личност мора да биде силна кога се справува со некој што сака да контролира затоа што овие луѓе се доста вешти во потенцирањето на нечии наводни карактерни маани и слабости. Секогаш потсетувајте се дека таа личност намерно се обидува да ви го смени начинот на кој се гледате себеси и потсетувајте се какви се навистина вашите личносни особини. Обично не можете да му се спротивставите на контролерот директно, а и не треба, со оглед на фактот дека овие личности може да станат дури и опасни ако некој им се спротивстави. Затоа, најдобро е да употребувате когнитивни стратегии за да ги коригирате нивните манипулативни обиди да ве претстават во лошо светло, а ако било кога се почувствувате и загрозени, не се двоумете и да ги пријавите на надлежните.
Контролерите честопати се убедени дека ви пружаат точен фидбек и обидот рационално да се разберете со нив ќе резултира единствено во префрлање на вината врз вас. Тие ја искривуваат вистината и ги извртуваат фактите најчесто оставајќи ја личноста кој се осмелила да се конфронтира со нив во неверица и збунета. Ако го слушате оној кој сака да ве контролира, ризикувате да го изгубите сопствениот идентитет и чувството за самопочит.
Еве некои важни напомени кои треба да ги запомните кога се справувате со контролирачка личност:
- Никој не може да влезе во вашиот ум и да знае што навистина мислите. Не му дозволувајте на котролерот да се обидува да ви каже кои сте вие и во што верувате.
- Никогаш не и удоволувајте на барањата на некоја личност која се обидува да ве исконтролира на неумесен начин. Единствен исклучок од ова правило е ако сте во таква ситуација во која спротивставувањето може да доведе до сериозна физичка повреда. Во ваков случај, подобро е да го направите она што во тој момент ви го вели, но веднаш потоа да побарате помош кај надлежните.
- Внимавајте, контролерите обично се обидуваат да ги понижат и минимизираат вашите таленти и способности.
- Поривот за контрола може да се манифестира на голем број начини а не само како директно насилство.
Од клучна важност е да му се спротивставите на контролерот и ако е потребно да побарате помош. Ако продолжат да ве малтретираат, јавете се кај пријател, терапевт или ако работата е сериозна и во полиција за тие понатаму да се справат со проблемот. Во секој случај, препознавањето на контролирачкото однесување е првиот чекор до пронаоѓање на спас од него.
Ве контролира ли партнерот?
Ако некој друг го контролира вашиот живот, а вие сте веќе возрасна личност, тогаш треба да се подразмислите дали таквата пасивност е во ваша корист?
Препознајте ги сигналите кои укажуваат на тоа дека контролата сте ја препуштиле на некој друг:
– Поголем дел од времето имате екстремно чувство наповреденост, лутина, немоќ, еуфоријаиливозбудување, а луѓето кои ја препуштаат контролата на другите, во основа зависат од нивната акција и реакција
– Ви се случува често да мислите “Кога само тој би…јас би…”
– Центарот на вашата моќ е надвор од вас. Вашето расположение најповеќе зависи од тоакако вашиот партнер се однесувакон вас.
– Туѓото мислење ви еповажноод сопственото.
– Најмногу време трошите на реакција, а многумалку на проактивно оснесување.
– Размислувате како можете да гипромените туѓите мисли, чувства или однесување, наместо да се фокусирате на сопствените.
-Самоувереностави е на ниско ниво.
– Сметате дека вашиот партнер е поубав,попаметенили понасочен во повеќето од работите.
– Мечтаете како еден ден,животот ќе ви биде поубав од денешниот.
– За повеќето работи, оставате вашиот партнер да ги завршува додекавие не се мачитени да ги помислите и да им посветите неколку минути од вашето време.
